ЈАВЕН ПОВИК

Општина Дојран ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета настаната како последица на ниските температури и појавата на слана, врнежи од град која го зафати подрачјето на Општина Дојран во месец март, април и месец мај 2025 година, да ја пријават штетата до Општинската Комисија за процена на штети од елементарни непогоди.

Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Дојран на ул.,,Кеј  5-ти Ноември,, бр.1, најдоцна до 10.06.2025 година.

Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.

Во прилог на Барањето, подносителот треба да достави:

  • копија од лична карта;
  • копија од трансакциска сметка;
  • доказ за сопственост/користење на недвижен имот (имотен лист, договор за закуп);
  • пријава на штета*;
  • изјава за штета*;
  • изјава дека имотот не е осигуран*;

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 9 (девет) дена, односно најдоцна до 10.06.2025 година.

Барањата ќе бидат обработени од страна на Општинска комисија за процена на штети од елементарни непогоди и ќе биде изготвен Првичен Извештај, кој ќе биде проследен до Советот на Општина Дојран и до Влада на Република Северна Македонија.

                                                                                    ОПШТИНА ДОЈРАН

         Општинска комисија за процена на штети од елементарни непогоди

Previous ИЗВЕСТУВАЊЕ за информирање на граѓаните и засегнатите страни за проект кој предвидува реконструкција/адаптација на објект и ставање на увид на документот од јавен интерес – „ Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА)”во Општина Дојран

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility