5 ДЕКЕМВРИ-СВЕТСКИ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО
5 Декември-Светски ден на волонтерството
Општина Дојран се приклучи кон одбележување на Светскиот ден на волонтерството, ден посветен на нашите херои кои несебично вложуваат од своето време, енергија и труд со една, единствена цел – служба на хуманоста.
⛑️ Волонтери од Клубот на млади заедно со градоначалникот на Oпштина Дојран – Илија Тентов, претставници од Советот и вработени во општината, реализираа заедничка хуманитарна акција за подготовка на пакети со храна за лица во социјален ризик.
🫂 Заедничката акција претставува поттик за афирмација и промоција на волонтерството како највисок акт на хуманост и солидарност.






Овој ден претстaвува симбол на солидарноста, хуманоста и посветеноста на секој еден волонтер во нашата заедница
❤️ Ви благодариме за секој момент посветен во служба на хуманоста и граѓаните.
Честит Светски ден на волонтерството!
#СекадеЗаСекого #СветскиДенНаВолонтерството #5Декември #ЦКМлади #општинаДојран