Денес по повод големиот празник Богојавление – Водици, во осветените води на Дојранското Езеро традиционално беше положен Светиот Крст, продолжувајќи ја вековната традиција на нашиот народ.
Со особена чест и радост, упатуваме искрени честитки до најсреќниот Ристе Стојчев од с.Николиќ кој го фати Светиот Крст, со желби за здравје, благосостојба и Божји благослов во текот на целата година.
Нека светлината на овој празник донесе мир, надеж и успех на сите верници.
Бог се јави!
Навистина се јави!
За многу години!







