Општина Дојран со голема чест и задоволство присуствуваше на 47-от Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија.  

Заедно со претставници од општина Дојран ги промовиравме убавините на нашата општина, туристичкиот потенцијал и можностите за инвестирање. 

Овој саем претставува еден од најзначајните и најмасовни туристички настани во Југоисточна Европа, традиционално собирајќи голем број туристички професионалци, организации, агенции и дестинации од целиот свет. Според официјалните податоци од домаќините, на овој 47-ми по ред саем учествуваат над 350 изложувачи од повеќе од 18 земји, со богата понуда на туристички дестинации, услуги и производи.  

Белградскиот туристички саем се издвојува како клучна платформа за меѓународна промоција и бизнис соработка: годишно привлекува десетици илјади посетители и професионалци од туристичкиот сектор, овозможувајќи ги директните контакти меѓу тур-оператори, хотелиери, туристички организации и медиумите. На последното издание беа забележани повеќе од 32.800 посетители и преку 400 изложувачи од над 27 земји, како и присуство на повеќе од 1.000 акредитирани новинари.

Присуството на Општина Дојран на овој престижен саем е од стратешко значење за нашата локална туристичка понуда. Во рамките на заедничкиот македонски национален штанд, заедно со Министерството за култура и туризам и други општини, имавме можност да ја промовираме природната убавина, културното наследство, туристичките потенцијали и можностите за развој на одржлив туризам во Дојран.  

Оваа меѓународна платформа не само што ја зголемува видливоста на нашата туристичка понуда, туку и отвара нови перспективи за партнерства, размена на искуства и привлекување на повеќе туристи во нашата општина. 

Убедени сме дека ваквите активности значајно придонесуваат за економски развој, регионална соработка и унапредување на квалитетот на туристичките услуги.

Previous СООПШТЕНИЕ

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility