Се известуваат граѓаните од општина Дојран дека на ден 06 јуни 2026 година (сабота) во раните утрински часови ќе се врши авионска апликација на средство за уништување на возрасни комарци на територија на Општина Дојран.
Авионската апликација на средство за уништување на возрасни комарци ќе се спроведе истиот ден во утринските часови со препарати одобрени од надлежните институции во согласност со пропишаните здравствени, безбедносни и еколошки стандарди.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Апел до пчеларите : Се замолуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во најавениот термин на прскање.