Градоначалникот на општина Дојран присуствуваше на Македонско–израелската средба за економска соработка. Средбата беше можност за размена на искуства, идеи и перспективи за унапредување на економската соработка, поттикнување на инвестициите и создавање нови можности за развој и поврзување.
Како локална самоуправа, остануваме посветени на отвореноста кон нови партнерства, иницијативи и можности за економски развој, со цел создавање подобри услови за граѓаните и локалната заедница.




