Иако темата за малолетнички бракови не е многу актуелна, сепак неспорен факт е дека истите се случуваат. Од едно истражување пред неколку години во Р. Македонија од склучени 14.000 бракови, 13% од нив се малолетнички.

Токму затоа, Општина Дојран преку Програмата за еднакви можности помеѓу жените и мажите предвиде одржување на обуки заедно со стручни лица од Центарот за социјални работи – Гевгелија, за важноста од продолжување на образованието, предизвиците кои ги носи бракот и семејството, особено ако се склучат премногу рано во животот.

Информативните средби ќе се одржат во сите населени места во Општина Дојран започнувајќи од 29 август, а ќе траат до 5ти септември. Термините за секоја информативна средба ќе бидат дополнително објавени. На истите, предвидено е да присуствуваат деца од училишна возраст, како и нивните родители. Интерактивниот пристап и можноста да се разговара со стручни лица пред се на оваа тема, а потоа и на сите останати теми кои ги засегаат младите од општината е главна карактеристика на состаноците од ваков тип.

Според законот за семејство, во брак може да стапи лице кое има наполнето 18 години. Во случај лицето да е малолетно надлежниот суд може да одлучи дека лице коешто наполнило 16 години може да стапи во брак, доколку исполнува одредени критериуми за физичка и ментална зрелост по процена од центарот за социјални работи и здравствена институција да добие дозвола да стапи во брак. Според Кривичниот законик, детските бракови се забранети, а животот во вонбрачна заедница со малолетни лица се смета за повреда на правата на децата и претставува кривично дело. Освен што малолетничките бракови имаат негативно влијание врз здравјето на младите девојчиња тоа е и една од причините за напуштањето на училиштето. Раната бременост може да ги принуди девојчињата да го напуштат училиштето без да ги завршат студиите и без потребните вештини, тие се соочуваат со тешкотии да најдат работа и следствено се изложени на висок ризик од сиромаштија.

Програмата за еднакви можности годинава предвидува обуки и за врсничко насилство, булинг во училиштата. Благодарение на поддршката и слухот на советниците од Советот на Општина Дојран за ваквите проблеми, обуките за врсничко насилство, како и информативните состаноци за малолетничките бракови се реализираат на високо ниво, односно со стручни лица и претставници од релевантни институции.

 

Previous Мандра фестивал 22ри и 23ти Јули

Заследете не

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Општина Дојран 2023 - Сите права се задржани

Accessibility