Денеска се одржа 20та седница на Советот на општина Дојран.
На седницта беа донесени следните одлуки:
1.Одлука за давање на согласност на Одлуката за измени и дополнување на Статутот на ЈПКД ,,Комуналец -Полин” – Стар Дојран;
2.Информација за состојбата со гробиштата во Општина Дојран;
3.Одлука за утврдување зони при утврдување на пазарната вредност на недвижен имот во општина Дојран, Бр. 07-1175/101 од 26.12.2013 година;
4.Одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште во општина Дојран;
5.Одлука за давање согласност за утврдување локација за риболовен пункт на концесионерот на рибниот фонд на Дојранското Езеро;
6.Одлука за прифаќање на предлогот за воспоставувањње на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Дојран и општина Валандово;
7.Одлука за доделување парични средства од Буџетот на општина Дојран на 2022 година на МПЦ – Охридска Архиепископија, Јустинијана Прима, Струмичка епархија, средствата се наменети за изградба на црква во с.Црничани;
8. Одлука за одобрување на урбанистички проект со план за парцелација на ГП 1.6 од УПС Николиќ;
9. Одлука за доделување на финансиска средства на ФК Џокер -Фурка;