Проекти

Покана за доставување на понуди – Изведба на градежни работи за реконструкција на летна сцена и партер, пристапна улица и рекреативна зона во Општина Дојран

ВАЖНО: Документите превземете ги од официјалниот повик ОВДЕ.

 

Потпроект: „ Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“– Општина Дојран
Потпроект бр: LRCP-1/18-SG-38
Наслов на договорот: Изведба на градежни работи за реконструкција на летна сцена и партер, пристапна улица и рекреативна зона во Општина Дојран
Референтен бр.: LRCP-1/18-SG-38-NCB/1

  1. Општина Дојран доби подгрант средства од Европската унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“ финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската унија (aдминистриран од Светска банка) и има намера дел од добиените средства од овој подгрант да ги искористи за плаќања по договор за: Изведба на градежни работи за реконструкција на летна сцена и партер, пристапна улица и рекреативна зона во Општина Дојран.
  2. Кабинетот на Заменик Претседателот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори/Општина Прилеп објавува покана за доставување на запечатени понуди од прифатливи понудувачи за Изведба на градежни работи за реконструкција на летна сцена и партер, пристапна улица и рекреативна зона во Општина Дојран.
  1. Процесот на понудување ќе се спроведе согласно методот “Национално  јавно наддавање” согласно  Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, јануари 2011 година, ревидирано јули 2014 година(„Упатства за набавки“) и е отворен за сите прифатливи понудувачи како што е наведено во Упатствата за набавки. Исто така, погледнете ги параграфите 1.6 и 1.7 за политиката на Светска банка за судир на интереси.
  2. Заинтересираните прифатливи понудувачи можат да добијат дополнителни информации од Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност во текот на работното време од 09:00 до 16:00 часот на адресата дадена подолу.
  3. Целосната тендерска документација е достапна на веб страната на Проектот за локална и регионална конкурентност: www.lrcp.mk.
  4. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу. Електронско наддавање нема да биде дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат јавно отворени во присуство на назначени претставници на понудувачите и сите што ќе изберат да присуствуваат на адресата дадена подолу во 08.01.2019 во 12:00 часот.
  5. Сите понуди мора да бидат придружени со Гаранција за понуда во износ МКД 1.100.000.
  6. Адреса за контакт и доставување на понудите е:

Единица за спроведување на проектот
„Проект за локална и регионална конкурентност“
Адресирано до: Оливера Кржовска
ул. Мирослав Крлежа бр.60/1, 1000 Скопје
Тел: +389 2 3280 457
E-пошта: olivera.krzhovska@lrcp.org.mk

Акција за чистење и разубавување на централното градско подрачје

Акција за чистење и разубавување на централното градско подрачје во Стар Дојран денес спроведоа учениците од О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран, во соработка со Општина Дојран. Целта е да се подигне свеста кај најмладите за хигиената и за значењето на животната средина.

Ова случување е предвесник на настанот кој е закажан за во петок, 12.10.2018та година, а повод ќе биде Европскиот ден за соработка во рамки на Интерег ИПА програмата за прекугранична соработка со соседна Република Грција.

Наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за претстојниот настан кој ќе се спроведе со финансиска поддршка во рамките на Интерег ИПА Програмата, оддавајќи посебно внимание на соработката помеѓу Националното тело и Управувачкото тело во Програмата.

Порибување со 1 750 килограми крап (ВИДЕО)

На плажата “Калдрма” во Нов Дојран денес се изврши порибување со 1.750 килограми порибителен материјал од крап.

Согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура, порибувањето претставува добро од јавен интерес во областа на рибарството.

Заради одржување и зголемување на рибниот фонд, Владата на Република Македонија, во годишните програми за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата предвидува мерки и обезбедува финансиски средства за порибување на риболовните подрачја и риболовните зони.

Порибувањето на риболовните подрачја, а со тоа и на Дојранското Езеро е обврска на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Порибувањето, Минстерстото го врши преку регистрирани репроцентри.
Водите на Дојранското Езеро се порибуваат согласно риболовата основа за риболовното подрачје Дојранско Езеро.
И оваа година во Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018та година е предвидена мерка за порибување на Дојранското Езеро. Со планираните средства за оваа намена се обезбедени 1.750 килограми порибителен материјал од крап.

Порибувањето го изведува регистрираниот репроцентар Акватика ДООЕЛ – Неготино, кој имаше обврска да произведе најмалку 12000 единки подмладок од крап со тежина помеѓу 50 и 200 грама (просечна тежина од 150 грама) и да го пориби езерото до крајот на месец октомври согласно динамиката на активности.

Порибувањето претставува реализација на обврските и заложбата на Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за достигнување на резултатите од времињата кога, според податоците, Дојранското Езеро беше регистрирано како едно од најпродуктивните езера во Европа.