за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавањево Општина Дојран
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Урбанистички План за село Дојран локалитет ’’Карач’’ Блок 34 општина Дојран, донесен со одлука на Совет на општина Дојран, број 07-1107/5 од 27.11.2015 година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, основна класа на намена, компатибилна класа на намена, број на катастарска парцела, површина на градежна парцела, површина за градба, бруто развиена површина, максимална висина до венец, процент на изграденост, коeфициент на искористеност, катност, почетна цена, вкупна почетна цена, банкарска гаранција за сериозност на понудата.
Табеларен преглед бр.1
Реден број
Број на градежна парцела
Основна класа на намена на градежна парцела
Компатибилна класа на намена
Број на катастарска парцела( КО Стар Дојран)
Површина на градежна парцела (м2)
Површина за градба во (м2)
Бруто развиена површина во (м2)
Максимална висина до венец (м)
Процент на изграденост (%)
Коeфициент на искористеност
Катност
Почетна цена по м2 (денари)
Вкупнапочетна цена(денари)
Банкарска гаранција за сериозност на понудата
1
Г.П 1.1
A4 -Временосместување
Б1,Б3,В2,В3,Д3Мах.30%
КП 317/9
4643
1978
6330
13.2
43
1.36
П+3
523,00
2.428.289,00
7.284.867,00
2
Г.П.1.2
A4 -Временосместување
Б1,Б3,В2,В3,Д3Мах.30%
КП 317/4
3098
1733
5546
13.2
56
1.79
П+3
523,00
1.620.254,00
4.860.762,00
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Детален Урбанистички План за населба „КАЛДРМА“, Нов Дојран, донесен со одлука на Совет на општина Дојран, број 07-126/4 од 06.06.2005 година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намена на градба, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, бруто развиена површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
Табеларен преглед бр.2
Реден број
Број на градежна парцела
Основна класа на намена на градежна парцела
Број на катастарска парцела(КО Нов Дојран)
Површина на градежна парцела (м2)
Површина за градба во (м2)
Бруто развиена површина во (м2)
Максимална висина до венец (м) и катност
Процент на изграденост (%)
Коефициент на искористеност
Почетна цена по м2 (денари)
Вкупна почетна цена(денари)
Банкарска гаранција за сериозност на понудата
1
Г.П.бр37Модул 1
Викендкуќа
КП 1973/33КП 1973/37КП 1976/7КО Нов Дојран
538
81
162
7,2
15%
0,30
61,00
32.818,00
164.090,00
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавното наддавање имаат:
Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.
Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистaр на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат, преку информацискиот систем поставен на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk со пополнување на електронски образец кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач, при што потребната документација се доставува во скенирана копија во PDF или фотографија од документот во jpg. или jpeg. форма, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази (приложени во електронска форма во оригинал или фотокопии заверени на нотар и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар):
Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за предметното земјиште на кое се однесува пријавата и која документација се доставува во прилог. Доколку лицето кое ја пополнува пријавата за аукција е во улога на полномошник задолжително е да прикачи полномошно заверено на нотар;
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларнитe прегледи дадени во оваа објава со рок на важност до 19.06.2023 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежно земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писмено известување за избор на најповолен понудувач. Банкарската гаранција освен по електронски пат, треба да биде доставена и во оригинална хартиена форма преку архивата на Општина Дојран до Комисијата за спроведување на постапките на јавно наддавање, во затворен коверт со цел на дознака: По Објава бр.2/2022со задолжителна напомена “Не отварај се до рокот определен за поднесување на пријавата”;
За физичките лица уверение за државјанство, не постаро од шест месеци;
За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар, не постаро од шест месеци;
Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното/физичкото лице заверено на Нотар, односно доказ за својство овластено лице на правното лице;
e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Дојран нема обврска да прима и врши корекции на истата);
Изјава за прифаќање на условите во објавата за секоја градежна парцела посебно, потпишана со дигитален потпис.
Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.
Подносителите на пријави задолжително треба да располагаат со дигитален сертификат (потпис) за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање и да учествуваат во истото.
Доколку учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела, се пополнува поединечна пријава за секоја градежна парцела, за што се доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на понудата.
Комисијата по истекување на рокот за поднесување на пријавите, утврдува дали пријавите се комплетирани и поднесени во согласност со условите од објавата. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираност на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекувањето на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во Табеларниот преглед бр.1 изнесува 523,00 денари од метар квадратен.
Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед бр.2 изнесува 61,00 денар од метар квадратен.
БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларните прегледи бр.1 и бр.2, дадени во оваа објава и истата треба да се достави во оригинал во рокот определен за поднесување на пријавите, односно заклучно до 30.11.2022 година.
РОКОВИ
Пријавите за учество на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во Табеларен преглед бр.1 и градежната парцела наведена во табеларен преглед бр.2 , можат да се достават до 30.11.2022 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.
Јавното наддавање ќе започне на 02.12.2022 година, во
– 08:30 часот за градежна парцела Г.П. бр.1.1 (Табеларен преглед бр.1)
– 08:45 часот за градежна парцела Г.П. бр.1.2 (Табеларен преглед бр.1)
– 09:00 часот за градежна парцела Г.П. бр.37 Модул 1 (Табеларен преглед бр.2)
и истото ќе трае по 15 минути за секоја од наведените парцели.
ПОСТАПКА
1.Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување дека истите нема да учествуваат на електронското јавното наддавање.
2.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата, доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање.
3.Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.
4.Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Дојран со Решение бр. 04-799/1 од 08.06.2021 година.
5.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците и истото се смета за успешно доколку има најмалку едно постапно наддавање над почетната цена по метар квадратен.
6.Наддавањето за градежните парцели со намена А4-Времено сместување од Табеларен преглед бр.1, се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 53,00 денари. Наддавањето за градежната парцела со намена Викенд куќа од Табеларен преглед бр.2, се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,00 денари.
7.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од определено време за траење на јавното наддавање, од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за периодот од следните две минути нема ново дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
8.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
9.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Р. Северна Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р. Северна Македонија.
Државното правобранителство на Р. Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р. Северна Македонија во рок од 30 дена од добивање на барање за мислење. Доколку во рок од 30 дена Државното правобранителство на Р. Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.
По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Р. Северна Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач.
13.Најповолниот понудувач во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на известувањето за избор на најповолен понудувач е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата. Најповолниот понудувач е должен заедно со купопродажната цена да уплати и посебни трошоци во постапката во висина од 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозност на понудата, но не повеќе од 15.000,00 денари.
Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврдениот рок, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно надавање за предметната градежна парцела.
Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од јавното наддавање во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор, уплатените средства за отуѓување на градежно земјиште не му се враќаат, банкарската гаранција за серизоност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор.
Во рок од пет работни дена по доставување на доказ за извршена уплата и доставување на целокупна документација потребна за учество на јавното наддавање, Градоначалникот на Општина Дојран во име на Р. Северна Македонија склучува договор за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р. Северна Македонија. Договорот се склучува во електронска форма преку информацискиот систем за градежно земјиште.
По склучување на договорот Општина Дојран во рок од еден ден, електронски го доставува договорот до Одделението за финансиски прашања за утврдување на данок на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 дена од добивање на решението за утврдување на данок на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.
По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности, купувачот во рок од 30 дена договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 дена од доставување на договорот кај надлежен нотар.
Неисполнување на обврските од точките 17 и 18 од оваа објава по вина на купувачот претставува основ за еднострано раскинување на договорот при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не се враќаат на купувачот.
Со договорот купувачот се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договор е градежна парцела со површина до 5.000 м2, односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5.000 м2 да прибави одобрение за градење на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено и да ги изгради објектите согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено во рок определен во Законот за градење, во согласност со категоризацијата на градба.
Доколку купувачот не обезбеди одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектите не се изградат во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот и е должен да доставува потврда за извршена уплата на договорната казна за секој изминат месец. Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за отуѓување на градежното земјиште. Неисполнување на обврските, односно по паѓање на купувачот во задоцнување со исполнување на обврската три месеци последователно, претставува основ отуѓувачот по три последователни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот односно за побара наплата на договорената казна што претставува и основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не му се враќаат на купувачот.
22. Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за предметната градежна парцела не смее да биде помалку од 30%.
23. Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да се пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижности. По Исклучок доколку сопственикот на градежното земјиште е странско правно лице,градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање може да го пренесе во сопственост на домашно правно лице во кое странското правно лице мора да биде единствен сопственик се до моментот на исполнување на обврските од договорот за отуѓување на градежното земјиште по пат на јавно наддавање.
23. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
24. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.
25. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор во писмена форма до Комисијата во рок од 3 (три) дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот, Комисијата е должна со Решение да одлучи во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот.
26. Против решението донесено од страна на Комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
27. Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела ќе важи до 19.06.2023 година за најповолните понудувачи, а за сите останати по завршување на јавното наддавање.
Купувачот има обврска за плаќање на данок на промет и нотарски трошоци во случај на раскинување на договор по вина на купувачот;
Раскинувањето на договорот заради неисполнување на обврските предвидени во истиот од страна на купувачот се врши со еднострана изјава на волја на отуѓувачот изјавена од страна на Општината преку Државниот Правобранител на Република Северна Македонија.
Градежното земјиште кое е сопственост на Р.Северна Македонија, кое е предмет на објавата се до исполнување на обврските од Договорот не може да биде дел од стечајна маса.
Комисија за спроведување на постапки
за јавно наддавање
Претседател: Мито Велчев
Член: Милка Ајцева
Член: Наташа Донева
ОБЈАВА-2-22
docx
( Warning: filesize(): stat failed for /home/vtnvtgnz/public_html/wp-content/uploads/2023/05/ОБЈАВА-2-22.docx in /home/vtnvtgnz/public_html/wp-content/plugins/ova-doc/inc/class-ova-get-data.php on line 92
0kb)