Советот на Општина Дојран распишува референдум за подрачјето на општината Дојран заради изјаснување на граѓаните за доделување договор за јавно приватно партнерство за комуналните услуги, снабдување со вода за пиење на населението во општина Дојран, одведување на урбани отпадни води и третман на урбани отпадни води во општина Дојран.
На референдумот на локално ниво граѓаните на општината Дојран ќе треба да се изјаснат за прашањето:
“Дали сте ЗА или ПРОТИВ доделување на договор за јавно приватно партнерство за услугите, снабдување со вода за пиење, одведување наурбани отпадни води и третман на урбаните отпадни води во општина Дојран.”
Референдумот ќе се одржи на 02.02.2020 година.