ЈЗУ Центарот за јавно здравје од Велес, Р.С Македонија е акредитирана лабораторија која редовно, долги години наназад прави анализи на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро. Во прилог се официјалните документи, односно последните резултати од примероци земени 19.07.2022ра година и од 10.08.2022ра година.
Мерните места каде се земени примероците за испитување се: Градска плажа Стар Дојран, плажа Полин и плажа Гранико.
Примероците земени од двата наведени датума, од испитаните параметри се покажува дека водата е во одлична состојба и истата не се одразува штетно по здравјето на луѓето, т.е може да се користи за капење и рекреација на луѓето.