По пристигнати резултати од Институтот за јавно здравје се забранува конзумирање на водата за пиење во Стар Дојран поради констатирана поголема количина на арсен. Ќе се испратат дополнителни примероци од вода во лабораторија во Република Србија поради непостоењето на такви лаборатории во нашата држава, за испитување дали арсенот е од органско или неорганско потекло.
Според резултатите пристигнати во јуни 2024 година, водата за пиење според резултатите беше во исправна состојба.
За дополнителни информации ќе бидете благовремено известени.