Според законот за локална самоуправа „Општина“ е единица на локална самоуправа, како заедница на жителите на одредено подрачје, утврдено со закон, која преку своите органи и преку администрацијата и организираните јавни служби, овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон. Општините се правни лица и своите надлежности ги извршуваат преку органи избрани непосредно од граѓаните.