СООПШТЕНИЕ
Почитувани граѓани,
Поради најавените високи температури во текот на претстојниот летен период, значително се зголемува опасноста од појава и ширење на пожари на отворен простор.
Општина Дојран апелира до сите жители и посетители да покажат максимална одговорност и да придонесат кон заштита на животната средина, имотот и безбедноста на граѓаните, почитувајќи ги следните препораки:
- Да не палат оган на отворен простор;
- Строго да се воздржат од палење на страишта по извршената жетва, сува трева, отпад и други запалливи материјали;
- При забележување пожар или намерно палење оган, веднаш да ги известат надлежните институции: Полициска станица Нов Дојран, Доброволното противпожарно друштво Дојран, Територијалната противпожарна единица Гевгелија или да се јават на единствениот број за итни случаи 112.
Со одговорно однесување и навремено пријавување можеме заеднички да спречиме пожари и да ги заштитиме човечките животи, природните богатства и материјалните добра.
Ви благодариме за соработката и одговорниот однос.
Општина Дојран