Со „Дојран Гурман Фест“ традиционално го означуваме почетокот на туристичката сезона – период кога Дојран повторно станува место на средби, доживувања, култура и незаборавни летни спомени. Фестивалот низ годините прерасна во препознатлив симбол на нашиот град, промовирајќи ги автентичните дојрански вкусови, богатата традиција и гостопримството по кое сме надалеку познати.
Годинава, токму во срцето на Нов Дојран, повторно се собраа љубители на традиционалната храна, културата и добрата музика, потврдувајќи дека Дојран е една од најатрактивните туристички дестинации во регионот.
Но ова е само почеток. Пред нас е лето исполнето со бројни културни, музички, спортски и забавни манифестации. Во рамките на „Дојранското културно лето“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни настани, концерти, фестивали и уметнички содржини кои ќе го збогатат туристичкото доживување и ќе придонесат Дојран да живее во ритамот на летото.
Нашата визија е јасна – Дојран да биде препознатлив не само по природните убавини и езерото, туку и како центар на културни случувања, традиција и современи туристички содржини.
Благодарност до сите учесници, изложувачи, здруженија, уметници и посетители кои и оваа година беа дел од нашиот прекрасен, традиционален настан – „Дојран Гурман Фест“!
Претходна Ј А В Е Н П О В И К бр.1/26 за склучување на Меморандум за организирање на манифестацијата “Дојрански ракувања”, со назив ,,Дојранско културно лето-Дојрански ракувања”

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility