Завршена е целосната канализациона мрежа во с.Црничани, која е финансирана со средства од Влада на Р.С. Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање и Центарот за меѓународна соработка и развој на Р. Словенија.
Изградена е канализациона мрежа во должина од 1988 метри, плус изведени приклучоци за секое домаќинство. Износот за реализација на овој проект е 17.481.491 денари. Ова беше едно од главните побарувања на жителите во с.Црничани.
Со реализацијата на канализационите мрежи во селата Фурка и Црничани следува изградба на мини пречистителни станици, кои во моментов се проектираат, а средствата се веќе обезбедени од Влада, МЖСПП и ЦМСР на Р. Словенија.
Барањата на граѓаните на општина Дојран се наш врвен приоритет, продолжуваме со уште посилен интензитет во периодот што доаѓа.