Date
јуни 30, 2023 - јули 2, 2023
Time
19:00 - 00:00
Location
Дојран

Бидете дел од најдобриот фестивал кој се одржува во регионот. Бидете дел од Д фестивал!

Основан во 2011 година и израснат од идејата за уникатен open-air настан, кој ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и прекрасно Дојранско крајбрежје – Д Фестивал веќе ја потврди и оправда иницијативата на најдобар начин. Ова е млад фестивал кој, благодарение на илјадниците фанови и најдобрите артисити од локалната, регионалната и светската музичка сцена, секоја година се одржува во одлична атмосфера константно доведувана до еуфорија и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија.

Д Фестивал продолжува како традиција, но секоја година со уште поголеми очекувања, со сигурност зацврстувајќи се како симбол за незаборавно концертно доживување и традиционална дестинација за сите фанови на автентичниот дух на летните музички фестивали. Секоја година Д Фестивал е дестинацијата за забава на повеќе од 8.000 посетители кои ги уживаат впечатливите концертни перформанси на музички артисти како Manu Chao La Ventura, Stereo MC’s, Wilkinson, Sonique, Кирил Џајковски, Дубиоза Колектив, Bernays Propaganda, Љубојна, Фолтин, String Forces, Суперхикс, АРЕА, С.А.Р.С., Baildsa, Зијан и многу многу други.

Со нетрпение се очекува секое следно издание, а самиот датум на фестивалот (втората половина на јули) е сезона која секоја година е сѐ повеќе посетена од интернационални и домашни туристи и сѐ поголем број на луѓе кои веруваат во потенцијалот на Дојран. Со ширењето на добриот глас за сѐ повозбудливите фестивалски изданија, сѐ повеќе луѓе одлучуваат својот годишен летен одмор и најдобриот летен фестивалски настан да го поминат токму во Дојран. Резултатите и реакциите од минатите изданија на фестивалот, донесоа логичен прогрес да се прошири фестивалскиот обем во поглед на понудата и капацитетот.

Во 2015 година Д ФЕСТИВАЛ го прослави својот петти јубилеј и по тој повод фестивалот го претстави своето најголемо издание досега, проширувајќи го концептот со тридневна музичка програма, на повеќе фестивалски бини и со камп за своите посетители, лоциран покрај плажата на прекрасното Дојранско Езеро.

Previous Мандра фестивал 22ри и 23ти Јули
Accessibility