План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР) за под-проектот „Реконструкција, спроведување на мерки за енергетска ефикасност во детската градинка Кокиче – Нов Дојран, ПОУ „Кочо Рацин“ во Фурка и ПОУ „Кочо Рацин“ во Сретеново
Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Општина Дојран аплицираше со барање за финансирање на три под-проекти:
1. „Основен проект за реконструкција, спроведување на мерки за енергетска ефикасност на ПОУ „Кочо Рацин“ во Фурка“;
2. „Основен проект за реконструкција, спроведување на мерки за енергетска ефикасност на ПОУ „Кочо Рацин“ во Сретеново“;
3. „Основен проект за реконструкција, спроведување на мерки за енергетска ефикасност на детска градинка „Кокиче“ во Нов Дојран“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беа подготвени документи “План за управување со животна средина и социјални работи” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектите.
Општина Дојран ќе организира и одржи јавна расправа со следниот Дневен ред:
- Воведен збор на претставник од Единицата за спроведување на проектот при Министерство за финансии за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (претставник од ЕСП/МФ) – 10 минути
- Краток осврт на проектните активности од страна на консултантскиот тим за изработка на техничката документација (Заедничко вложување Инком инженеринг ДООЕЛ Скопје и ТП АНТЕВСКА Куманово) – 10 минути
- Информација за намерата за задолжување на општината преку ПСЕЕП (претставник од општината) – 10 минути
- Краток осврт на документите “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за проектот” (претставник од консултантскиот тим за изработка на техничката документација) – 20 минути
- Дискусија.
Јавната расправа за документите, на 06.11.2024 (среда) со почеток во 11.00 часот во просториите на Општина Дојран во Стар Дојран.
Датум на објава: 04.11.2024
Министерството за финансии
Единица за спроведување на проектот