На ден 05.10.2026 година, градоначалникот на општина Дојран изврши увид на терен и ја разгледа трасата за проектирање на нов пат со пешачка патека до плажата во с. Николиќ.
Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи побезбеден и полесен пристап до плажата, подобрување на туристичката инфраструктура и создавање подобри услови како за локалното население, така и за сите посетители.
Општина Дојран продолжува посветено да работи на унапредување на инфраструктурата и развој на општината, со цел подобар квалитет на живот и поатрактивна туристичка понуда.
Општина Дојран продолжува да работи на проекти што значат развој и подобра иднина за Дојран! 






