Административни службеници од Општина Дојран учествуваа на генеричката обука за административни службеници, која се одржа во Хотел „Сириус“-Струмица, во организација на Министерството за јавна администрација.
Обуката беше поделена во три модули, посветени на теми од особено значење за професионалниот развој и секојдневното работење на административните службеници.
Модератор на модулот беше Олгица Радевска од Министерството за јавна администрација. Предавачи и обучувачи беа м-р Наташа Илиева Ацевски, магистер по европска интеграција и комуникација, соработник на CEF Ljubljana и експерт за развој на јавниот сектор, и Габриела Милошевска, консултант за човечки ресурси и организациски развој.
Модератор беше Катја Јовановска од Министерството за јавна администрација. Во рамки на модулот, учесниците имаа можност да се запознаат со практични техники и пристапи за унапредување на комуникациските вештини, под раководство на м-р Христина Велковска, магистер по менаџмент и организација, експерт за организациски развој и лидерство и сертифициран тренер за лидерство, соработник на CEF Ljubljana, и д-р Благица Ваниќ, психолог и гешталт психотерапевт.
Модератор на модулот беше Ивана Стојковска. Предавачи беа д-р Љуљзим Адили, доктор по медицина, магистер по менаџмент со човечки ресурси и меѓународен тренер за лидерство и развој на меѓународни тимови, и м-р Фанија Ивановска, магистер по правни науки, истражувач и стручен соработник во области поврзани со еднаквоста и недискриминацијата.
Фотографиите се преземени од фејсбук страницата на Министерство за Јавна Администрација/Mi




