Договорот за збратимување на двете општини е потпишан во 2003та година, но за жал изминатите неколку години соработката и контактите помеѓу Дојран и Тројан не биле одржувани.
Со денешната средба помеѓу Градоначалникот и претставниците од општината Тројан беше договорено соработката да се интензивира, да се размислува за заеднички економски напредок и инвестирање во туризмот и културата.
Од страна на гостите беше потенцирано дека голем дел од Бугарските граѓани се заинтересирани за прошетки и туризам во нашиот Дојран. Општината во иднина посериозно ќе пристапи кон промоција и презентација на Дојран во соседна Република Бугарија.