СООПШТЕНИЕ

Почитувани граѓани,

Поради најавените високи температури во текот на претстојниот летен период, значително се зголемува опасноста од појава и ширење на пожари на отворен простор.

Општина Дојран апелира до сите жители и посетители да покажат максимална одговорност и да придонесат кон заштита на животната средина, имотот и безбедноста на граѓаните, почитувајќи ги следните препораки:

  • Да не палат оган на отворен простор;
  • Строго да се воздржат од палење на страишта по извршената жетва, сува трева, отпад и други запалливи материјали;
  • При забележување пожар или намерно палење оган, веднаш да ги известат надлежните институции: Полициска станица Нов Дојран, Доброволното противпожарно друштво Дојран, Територијалната противпожарна единица Гевгелија или да се јават на единствениот број за итни случаи 112.

Со одговорно однесување и навремено пријавување можеме заеднички да спречиме пожари и да ги заштитиме човечките животи, природните богатства и материјалните добра.

Ви благодариме за соработката и одговорниот однос.

Општина Дојран

Претходна Ј А В Е Н П О В И К бр.1/26 за склучување на Меморандум за организирање на манифестацијата “Дојрански ракувања”, со назив ,,Дојранско културно лето-Дојрански ракувања”

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility