Ј А В Е Н П О В И К
Општина Дојран ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета настаната како последица на опожареното подрачје (појава пожар) која го зафати подрачјето на Општина Дојран во деновите 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 јули 2025 година, да ја пријават штетата до Општинската Комисија за процена на штети од елементарни непогоди.
Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Дојран на ул.,,Кеј 5-ти Ноември,, бр.1, најдоцна до 25.07.2025 година.
Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.
Во прилог на Барањето, подносителот треба да достави:
- копија од лична карта;
- копија од трансакциска сметка;
- доказ за сопственост/користење на недвижен имот (имотен лист, договор за закуп);
- пријава на штета*;
- изјава за штета*;
- изјава дека имотот не е осигуран*;
Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 7 (седум) дена, односно најдоцна до 25.07.2025 година.
Барањата ќе бидат обработени од страна на Општинска комисија за процена на штети од елементарни непогоди и ќе биде изготвен Првичен Извештај, кој ќе биде проследен до Советот на Општина Дојран и до Влада на Република Северна Македонија.
ОПШТИНА ДОЈРАН
Општинска комисија за процена на штети од елементарни непогоди